Поранешниот албански премиер и екслидер на опозициските демократи, Сали Бериша, преку социјалната мрежа Фејсбук повика на масовни протести на 22 ноември против зголемувањето на цената на електричната енергија, даноците на горивата и студентските такси.
Бериша, преку социјалната мрежа наведува дека одлуката за протести дошла, според него, по одржаната средба со политички партии, независните синдикати, здруженија, претставни на бизниснот и други целни групи.
– Одлуката е едногласна протестите да се одржат на 22 ноември. Албанија на протести против поскапувањето на струјата, зголемувањето на даноците на горивата, таксите за студентите, сиромаштијата и бедата, напиша Бериша.
Бериша беше лидер на демократите два децении, но се повлече од оваа функција по поразот на парламентарните избори во јуни 2013 година.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.