Марк Цукерберг е еден од најмладите милијардери во историјата, а постојано го гледаме во сосема обична маичка со куси ракави. На прашање за тоа зошто не посветува внимание на својот изглед, Цукерберг одговараше на првата сеанса „Прашања и одговори“ во седиштето на Фејсбук во Калифорнија.
Вели дека има многу идентични маички бидејќи не сака да губи време за „прашања без врска“, на пример, што да облече за на работа, или што би појадувал, бидејќи премногу е зафатен грижејќи се за најголемата социјална мрежа во светот.
-Навистина сакам да си го поедноставам животот, така што носам колку што е можно помалку одлуки за сè, сем за тоа како на најдобра начин да и служам на оваа заедница. Имам среќа да сум на позиција секојдневно да и служам на над една милијарда луѓе и чувствувам дека не си ја вршам работата како што треба доколку ја трошам енергијата на неважни работи. Затоа сите сили ги насочувам кон градење на најдобрите производи и услуги- одговори Цукерберг, кој сепак, за средбите кои го налагаат тоа, „знае“ и да облече костум.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.