Терористичката мрежа Ал Каеда соопшти дека се обидела да го убие американскиот амбасадор во Јемен, но дека „двете поставени експлозивни направи биле откриени неколку минути пред активирањето“.
Во соопштнието објавено на исламистичкиот сајт „Ансар ал Шарија Њуз“, Ал Каеда тврди дека двете бомбите биле поставени пред домот на претседателот на Јемен, Абд Рабу Мансур Хади и требало да бидат активирани во четвртокот, кога американскиот амбасадор Метју Тјулер излегувал од зградата по средба со шефот на јеменската држава.
Јеменските валсти засега не ги коментираа вакавите тврдења на Ал Каеда.
Јемен е еден од клучните сојузници на Вашингтон во регионот во борбата против Ал Каеда. Јеменските власти им дозволија на американските сили да вршат напади со бесполотни летела на територијата на Јемен.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.