Облачно време и врнежливо време се очекува во првата половина од денот недела. Во втората половина од денот врнежите ќе слабеат и постепено ќе престануваат. Во однос на количината и интензитетот на дождот, позначителни ќе бидат врнежите во источната половина од земја.
Максимална температура до 17°С се очекува во северната половина на земјата. Во југозападниот регион максималната ќе достигне до 16°С, Најтопло ќе биде на југоисток, каде максималната температура на воздухот ќе има вредност до 18°С.
Во скопското подрачје повторно се очекува облачно и дождливо време наутро и препладне, додека попладне врнежите ќе престануваат. Дневниот максимум на температурата на воздухот ќе достигне 17°С.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.