| четврток, 6 декември 2018 |

25 години од падот на Берлинскиот ѕид (Фото)

Border of Lights - 25th anniversary of Fall of Berlin WallВо германскиот главен град Берлин денеска ќе се одржи централната манифестација во одбележувањето на 25-та годишнина од уривањето на Берлинскиот ѕид, кој беше симбол на поделбата на Европа во текот на Студената војна.Border of Lights - 25th anniversary of Fall of Berlin Wall

На свеченоста ќе учествуваат голем број германски политичари, меѓу кои и претседателот Јоахим Гаук и канцеларката Ангела Меркел, како и повеќе гости од странство.Меѓу нив и последниот лидер на СССР Михаел Горбачов. 25th anniversary of peaceful revolutionГорбачов вчера од балкон гледаше кон Брандернбуршката порта и плоштадот Паризер плац.25th anniversary of peaceful revolution

Претпладнево Гаук ќе го посети Меморијалниот комплекс во улицата „Бернауер“, каде во знак на сеќавање е зачуван дел од Ѕидот. Гаук ќе положи цвеќе за загинатите при обидите за бегство на Запад и ќе присуствува на литургија во блиската црква. 25th anniversary of peaceful revolution

Берлин се сеќава на оние кои загинале на ѕидот палејќи свеќи и со цвеќе на комеморативни крстови на импровизираниот 15 километарски ѕид од светла наредени долж линијата на која се наоѓал ѕидот.25th anniversary of peaceful revolution

Светлечкиот ѕид , креиран од 6880 светлечки балони, вечерва ќе се вивне кон небото, со што симболично ќе биде прикажано неговото исчезнување, проследено со бетовеновта Ода на радоста изведена од симфониски оркестар пред Бранденбуршката порта ќе ја свири Одата на радоста од Бетовен.   Border of Lights - 25th anniversary of Fall of Berlin Wall

Во изложбениот дел на комплекстот во „Бернауер“, канцеларката Меркел ќе отвори излоба под наслов „1961-1989. Берлински ѕид“, а во концертната сала на плоштадот „Жандармнмаркт“ ќе се одржи свечена академија.

Border of Lights - 25th anniversary of Fall of Berlin WallПо повод уривањето на Ѕидот, вчера во Берлин се одржа научна конференција под насив „Паѓањето на ѕидовите“. Германската канцеларка Ангела Меркел нагласи дека пред 25 години жителите на германскиот главен град „создавале историја“.

– Човековиот стремеж кон слободата не може да биде потискуван долго време, нагласи Меркел, додавајќи дека „за добивање на слободата е потрена храброст, но храброста е потребна и за да се користи слободата“.Border of Lights - 25th anniversary of Fall of Berlin Wall

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top