
Пет илјади ученици во три основни и две средни училишта во центарот на Кичево може да останат дома, бидејќи училиштата ги трошат последните резерви на нафта.
По барањето на опоштината Кичево министерството за образование да го реши проблемот со затоплувањето на училиштата владата ќе ги активира стоковите резерви. Според министерот за образование Адеми потребни се 450 тони нафта ,а дирекцијата за стокови резерви може да обезбеди од 200 до 250 тони нафта.Конечната одлука ќе се донесе во вторник но тоа вели Адеми ќе биде само времено решение.
– Ако Кичево добие помош, тоа не значи дека и другите општини ќе можат да се потпрат на поддршка од Владата и на ваков начин да си ги решаваат проблемите. Тие треба сами при кроење на буџетите да си предвидат повеќе средства во делот на образованието – потенцираше Адеми.
Според него во иднина и училиштата треба навреме да ги започнат постапките и да ги распишат огласите за снабдување со нафта за греење, како и за транспорт на учениците.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.


