| четврток, 6 декември 2018 |

Лорета Линч кандидат за секретар за правда на САД

loreta linc

Американскиот претседател Барак Обама денеска ја предложи федералната обвинителка на Њујорк, Лорета Линч за нов секретар за правда и јавен обвинител на САД.

Како што јави ТАСС, доколку Сенатот ја одобри номинацијата на 55-годишната Линч, таа ќе стане првата Афромериканка и втора жена воопшто во историјата на САД, што ќе се најде на оваа функција.

Обама изрази надеж дека Сенатот без одолговлекување ќе ја потврди номинацијата на Линч, која според него, се одликува со „цврстина и чесност“.

Линч треба да го замени Ерик Холдер, кој неодамна поднесе оставка на функцијата секретар за правда и јавен обвинител на САД, што ја извршуваше од 2009 година. Холдер беше првиот „обоен“ американски јавен обвинител.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top