| четврток, 6 декември 2018 |

Брутално убиство на дете кое не е забележано досега во историјата на САД

533828_ubistvo-decaka2-print-skrin-6abc_ff

Една двојка од Пенсилванија е обвинета дека можеби го сториле најбруталното убиство кое се случило во САД. Тие три дена мачеле тригодишно дете, за на крај да го убијат со тава.

Џулијн Тајт (31) и нејзиниот партнер Гери Ли Феленбаум (23) го убиле тригодишниот Скок Мекмилан и брутално го претепале неговиот постар брат.

533827_ubistvo-decaka1-print-skrin-6abc_ff

Скок го обесиле за нозе, го соблекле гол, му се смееле, го камшикувале и на крај го тепале со тава додека несреќното дете не починало.

Обвинителот Томас Хоган изјави дека ова е „американска хорор приказна“ и не ја криел својата запрепастеност од бруталното убиство.

– Ова е чин на болна извитопереност и не се опишува – изјави тој.

Постариот брат на Скот изјави дека  тие цело време му се смееле и уживале додека го претепувале дететото. Откако го убиле, заминале на шопинг.

Инспекторите не пронашле траги на алкохол или наркотици кај двајцата злосторници, а тужителот изјавил дека тоа е „уште поголем доказ дека овие двајца се олицетворение на чисто зло“.

Двојката живеела заедно еден месец. Чудна е целата ситуација, бидејќи во иста куќа живеееле Џулијан и Гери, малиот Скот и неговиот шестгодишен брат, потоа вонбрачната сопруга на Гери и нивната 11-месечна ќерка. Сите шестмина живееле во приколка во Коствил, на 50 километри од Филаделфија.

 

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top