| четврток, 6 декември 2018 |

Телото на младата Дениса утре пристигнува во Скопје

denisaТелото на младата Дениса Марковска утре пристигува во Македонија. Откако Грчките фозеничари утврдија дека телото најдено во водите на Егејот е на исчезнатата Македонка, истото ќе биде испратено во Македонија. Лешот на 23-годишната Дениса со брод е пренесено од Родос до Слолунското пристаниште. Судијата веќе го потпишал решението со кое се одобрува телото да биде пренесено во земјава.

Во Македонија по барање на родителите на Дениса, а по дозвола од Министерството за здравство ќе биде направена нова ДНК анализа и реобдукција.

Сѐ уште не се знае како починала младата Дениса. Таа работела на брод. Една вечер таа исчезна од бродот. Беше пронајден нејзиниот мобилен телефон но без сим картичката во него.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top