| четврток, 6 декември 2018 |

Машка желба – над четири часа секс, 29 минути за хигиена

seks_10

Ако ги прашате како изгледа нивниот идеален ден, мажите ќе ви кажат дека повеќе од четири часа би поминале со својата партнерка во креветот, а би работеле дури три и пол часови во денот.

Новата студија покажа како мажите го опишале својот идеален ден – четири часа и 19 минути би воделе љубов, три часа и 36 минути би биле на работа, а три часа и 22 минути би одвоиле за своето семејство и пријатели.

Paul O’Connor, од компанијата Unilever, која работела на студијата, за Daily Mail истакнува дека денешниот начин на живот им прави притисок на младите мажи кои во дневниот распоред треба да стават што повеќе активности и обврски.

Но, кога би бирале, два часа и 38 минути би потрошиле на обреди, а за хигиена и разубавување доволни ни се 29 минути. Сосема очекувано, останатото време би го потрошиле на спиење.

Околу 64% од испитаниците признале дека за време на одење во тоалет, ги користат омилените геџети, а 26% размислуваат за идните обврски за време на интимните моменти со партнерката.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top