| четврток, 6 декември 2018 |

Тапанарот на AC/DC уапсен, па ослободен

AC-DC tapanar Phill Rudd
Откако беше уапсен за обид за организирање на убиство, Фил Руд, тапанарот на легендарната хеви-метал група AC/DC, е ослободен, а обвинението е отфрлено. Тој беше уапсен во својот дом во Нов Зеланд, а освен за обид за организирање на убиство, беше обвинет и за поседување на дрога. AC/DC сепак известија дека неговото затварање нема да влијае врз излегувањето на нивниот нов албум и турнејата. Беднто би требало да го издаде новиот албум „Rock Or Bust“ на 2 декември, а на турнеја тргнуваат следната година.
Фил Руд (60) се појави на суд во Нов Зеланд и беше пуштен со гаранција до 27 ноември кога повторно треба да се појави на суд со оглед на тоа што обвинението за поседување дрога се уште стои.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top