| четврток, 6 декември 2018 |

Црвено-црните денеска против Мешков Брест

vardar-14
Ракометарите на „Вардар“ денеска ги продолжуваат настапите во СЕХА ГСС лигата со гостувањето против белорускиот првак Мешков Брест. Ова ќе биде прва пресметка сезонава меѓу финалистите од завршниот турнир од минатата сезона, кој му припадна на Вардар, што значеше и втора титула за нашиот тим во ова натпреварување.

По осум одиграни кола во Регионалната лига, Вардар се наоѓа на втората позиција со седум победи и еден пораз. Мешков Брест кој оваа сезона настапува и во Лигата на шампионите, е тим кој игра одлично на свој терен. По шест одиграни кола има четири победи и два порази.

-Во сабота не очекува тежок натпревар, бидејќи Мешков Брест е исклучително квалитетна екипа. Играат одлично на домашен терен, а оваа сезона имаат многу поквалитетна и воиграна екипа, со оглед на тоа што настапуваат и во Лигата на шампионите. Играат цврсто во одбраната, а имаат и одлични шутери. Тоа го докажаа и на последниот натпревар против Веспрем. Но, јас мислам дека тоа е добредојдено за нас, како одлична можност за воигрување на екипата пред натпреварот против унгарскиот шампион во елитното натпреварување. Очекувам нова победа за Вардар, со што би направиле голем исчекор кон Ф4 турнирот – изјави тренерот на Вардар, Раул Гонзалес.

Дуелот Мешков Брест – Вардар се игра на 08.11 (сабота), од 16 часот.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top