| четврток, 6 декември 2018 |

Француските социјалисти бараат набљудувачка мисија на ЕП во Македонија

francuski socijalistiВладеачката француска социјалистичка партија (СПФ) бара од ЕУ да испрати набљудувачка мисија на Европскиот парламент во Македонија, а од ОБСЕ да ја засили својата мисија.

Ова стои во официјалното соопштение објавено на веб страницата на СПФ по средбата на заменик претседателката на СДСМ Радмила Шеќеринска со Првиот секретар на француската социјалистичка партија Жан-Кристоф Камбаделис и Националниот секретар за Европа, Филип Кордери, по чија покана таа престојуваше во Париз.

Разговорите кои се воделе во Париз се однесувале на „ситуацијата со демократијата во Македонија“, Самото соопштение е насловено „Македонија: демократијата не може да биде празен збор“, додека понатаму се додава „демократското назадување на земјата од пристигнувањето на актуелниот претседател на владатам Никола Груевски, се загрижувачки поради повеќе нешта: спречување на слободата на печатото, контрола на медиумите и институциите, заплашување на функционери, притисоци врз правдата, птопаганда во јавното мислење…“ – се вели во соопштението на СПФ, објавено на нејзината интернет страница.

Се додава дека „опозицијата не е во можност целосно да ја врши својата работа и да ја живее демократијата во Македонија, во отсуство на пристап до медиумите.“

Овие „назадавувања“, според соопштението, биле „констатирани“ и од етапниот извештај на Европоската комисија, како и во различните извештаи на ОБСЕ.

„Почитувањето на правната држава и демократијата се во срцето на нашите демократски вредности и темелот на ЕУ, пред која Република Македонија има поднесено барање за прием. Тие се барања за народите и државите, со што се обврзани без исклучок.“ – се додава понатаму во соопштението на СПФ.

На крајот се вели дека Француската социјалистичка партија „е многу загрижена од пречките на демократијата и ставањето во прашање на правната држава во Република Македонија“. Притоа од владеачката француска политичка партија е упатено барање до Европската Унија да испрати една набњудувачка мисија на Европскиот парламент во Македонија, а од ОБСЕ да ја засили својата мисија.

Интересно е дека во соопштението на францускатасоцијхалситичка партија се упортребува уставното име на нашата земја – Република Македонија, или само Македонија.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top