| четврток, 6 декември 2018 |

Атланта загуби, Антиќ постигна осум поени

antic
Атланта хоукс на единствениот македонски НБА играч, Перо Антиќ, загуби од Шарлот. Иако соиграчите на Антиќ добро се спротиставија во регуларниот дел, кој заврши 97-97, по двете продолженија Атланта загуби со 122-119. Македонскиот кошаркар оистигна осум поени во текот на 23 минути поминати на паркет, (2/5 за три, 1/2 за два поени), два скока, три асистенции и една украдена
топка.

Ал Џеферсон од Шарлот беше најефикасен на паркетот со 34 поени. Кај Атланта на врвот на листата по постигнати кошеви се запиша Хорфорд, кој постигна 24 поени.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top