Вечерва во Скадар, Албанија ќе се одржи големото финалена изборот за Мис Глоуб 2014.
Македонија ќе ја претставува 19-годишната Надица Димковска која во август победи на изборот за Мис Глоуб. Таа заедно со екипата на модното студио Црнокрак, кое ја има лиценцата за Македонија за овој избор, и со повеќе од 50 девојки од исто толку држави се наоѓа веќе две недели во Албанија и Црна Гора, на подготовки за големото финале кое ќе се одржи вечерва во Палатата на спортовите во Скадар.
Мис Глоуб е еден од најстарите и најпрестижни избори за убавина во светот. Модното студио Црнокрак ја поседува оваа лиценца уште од 1997 година, кога за првпат во Македонија ја претставуваше во Истанбул, Светлана Црнокрак, тогаш Керазовска.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Поврзани вести
-
Опозицијата бара враќање на смртната казна во Албанија
-
Албанија од 1-ви јануари ги затвора спортските обложувалници
-
Албанија и Косово водат референдумска кампања за Македонија во своите земји: Партиите во Албанија повикуваат на максимален ангажман во Македонија
-
Во Италија запленети 20 тони дрога од Албанија