| четврток, 6 декември 2018 |

Летонски министер призна дека е хомосексуалец

Министерот за надворешни работи на Летонија Едгарс Ринкиевич синоќа на Твитер отворено призна дека е хомосексуалец.

Изјавата на 41-годишниот министер денеска е силно поздравена од активистите за правата на хомосексуалците како важен чекор нанапред во тој дел на Европа, каде лицата со поинаква сексуална ориентација често пати се жалат на дискриминација.

Освен тоа што напиша дека се гордее со својата хомосексуална ориентација, Ринкиевич се заложи и за правно признавање на еднополовите партнерства. По неговата заложба напишана на летонски, тој на англиски јазик напиша: Со гордост соопштувам дека сум геј. Ви посакувам успех на сите“.

Неговиот твит беше ретвитуван 1.200 пати и им се допадна на 2.300 лица. Вообичаено неговите постови постигнуваа одзив кај не повеќе од 20 лица. Летонското министерство за надворешни работи потврди дека напишаното од министерот е автентично.

Ринкиевич, кој е член на десно-центристичката партија „Единство“ доби широка поддршка од други политичари во регионот. Естонскиот претседател Томас Хендрик Илвес го окарактеризира како „многу храбар маж и многу добар министер за надворешни работи“.

Според католичкиот свешетеник Илмарс Толстовс, кој ќесто на својот блог пишува против хомосексуализмот, Ринкиевич обрал многу лошо време за своето признание – веднаш откако новата летонска влада положи заклетва на почетокот на неделата.

– Многу демагошки е да го откриеш тоа веднаш по изборите. Да го направеше тоа пред изборите, „Единство“ ќе претрпеше тежок пораз, оцени Толстовс.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top