Следниот пат кога ќе седнете со пријателот во кафуле, запрашајте се дали токму таа личност е втората половина, која ви недостасувала.
Пријателите се многу важни за долг и среќен живот. А што ако пријателот и животниот партнер се кријат во една иста личност?
Врската заснована на пријателство може да претставува полн погодок за вас, а и научните студии одат во прилог на тоа. Исто така љубовните партнери би требало да се запознаат на ист начин како и пријателите.
Како да се препознае односот меѓу двајца пријатели, кои ја преминуваат границата и влегуваат во зоната на љубов? Најважно е да не се избрза. Дури и да почувствувате дека нешто се променило во вашиот пријателски однос, дозволете ѝ и на другата страна да ја отвори таа тема.
Пеперутките во стомакот и желбата почесто да го поминувате времето заедно, црвенило на лицето кога ќе се сретнете… тоа се сите показатели дека вашата врска треба да оди на следното ниво.
Ако согледате дека само кај вас нешто се менува, тогаш подобро е да молчите, за да не ви е случи токму тој ваш најдобар пријател да ги урне вашите соништа и да ви го скрши срцето.
Ако сосема сте сигурни дека вашиот пријател е токму „тој“ и дека и тој ви покажува дополнително внимание и секогаш е покрај вас кога ви треба, можете да се договорите да излезете на состанок. Некои ова поглавје ќе го започнат со бакнеж, други со разговор, трети уште малку продолжуваат со вербални игри.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.