| четврток, 6 декември 2018 |

Бугарија ја изгласа владата на Борисов

borisovБугарското Народно собрание со 144 гласа „за“ и 83 против го избра составот на Владата предложена од лидерот на партијата Граѓани за европски развој на Бугарија (ГЕРБ), Бојко Борисов. За избор на Владата беа потребни најмалку 121 глас. Владиниот кабинет доби поддршка од пратениците на ГЕРБ, Рефоматорскиот блок (РБ), Патриотскиот фронт (ПФ) и на партијата Алтернатива за бугарска преродба (АБВ). Против гласаа пратениците од коалицијата на Бугарската социјалиситчка партија (БСП), од Движењето за права и слободи (ДПС), Бугарскиот демократски центар и партијата Атака. Воздржан беше еден пратеник на ПФ.

Во Владата има четири заменици на Борисов – Румјана Бачварова задолежна за коалициска политика и државна администрација, Меглена Кунева за европска политика и институционална прашања, Томислав Дончев за еврофондовите и економска политика и Ивајло Калфин, кој е вицепремиер за демографска и социјална политика и министер за труд и социјална политика. Нов шеф на бугарската дипломатија е Даниел Митов. По изборот членовите на Владата на Борисов положија заклетва пред пратениците.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top