Кинески официјални лица од Министерството за здравство наведуваат дека оваа година за второ дете се пријавиле само 700.000 двојки иако претходните процени беа меѓу милион и два милиона годишно.
Жао Јанпеј од Националната комисија за здравство и планирање семејство рече дека бројот на пријавени двојки е помал отколку што се очекувало, но додаде дека прерано е да се донесуваат заклучоци за тоа како новата кинеска политика ќе влијае врз кинескиот наталитет.
Во минатата година Кина ја олесни политиката на едно дете и дозволи двојките од кои еден е единец да имаат две деца. На двојките во кои двата партнера се единци од порано им беше дозволено да имаат две деца.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.