| четврток, 6 декември 2018 |

Македонија атрактивна и за Грците

Спорот за името не ги спречува ниту Грците да ја посетуваат Македонија, како што не ги спречува Македонците да уживаат во водите на Егејско Море

04122011111046_greece_fyrom_flags
Во период од јануари до ноември минатата година, во земјава допатувале вкупно 34.756 странски туристи, од кои десет проценти биле Грци, информираат од Заводот за статистика.
Секоја година, најчесто во летните месеци, граничните премини кон Грција, бележат колони возила во недоглед на Македонци што решаваат својот одмор да го поминат покрај Егејско Море. Податоците велат дека повеќе од 200.000 Македонци годишно ја посетуваат Грција.
Дека Македонија е атрактивна туристичка дестинација за земјите од соседството сведочат и бројките. Па, така во истиот период, по Грците, најмногу Срби ја посетиле земјава и тоа 2.885, потоа жителите на Косово- 1.100, а вкупно 2.110 Турци дошле во земјава во период од јануари до ноември 2012 година.
Странските туристи во земјава најмногу ги користат хотелите со пет и четири ѕвезди, па така вкупно 5.999, односно 4.911 странски туристи ги уживале погодностите на овој вид сместување.
Планинарските домови се најмалку атрактивни за странците со авантуристички дух кои доаѓаат во земјава, па само двајца туристи спиеле во овој вид на сместувачки капацитети.
Македонија како атрактивно место за развој на алтернативниот туризам станува привлечна и за туристи од подалечни земји. Македонија им поскаува топло добредојде и на туристи од Франција, Холандија, Јужна Африка, Бразил, Јапонија, Кореја, Израел…
Иако поради географската позиција, Македонија не излегува на море, сепак со развој на руралниот, планинскиот и алтернативниот туризам и инвестиции во истиот, земјава станува точка на интерес на голем број авантуристи ширум светот кои сакаат да доживеат дел од културата, историјата, природата и богатството на нашата земја.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top