| четврток, 6 декември 2018 |

Малото бумбарче е нов член во семеjството Фиат

Но­ви­от авто­мо­бил од ФИАТ, мо­де­лот 500X, бе­ше стро­го чу­ван про­ект сè до Са­е­мот за авто­мо­би­ли во Па­риз. Ма­ли­от шар­ман­тен ита­ли­јан­ски те­ре­нец тех­нич­ки е брат-близ­нак на „џип ре­не­гејд“

Се­мејс­тво­то на ФИАТ со оз­на­ка 500 до­би нов член. Мо­же­би нај­го­ле­ми­от но­ви­тет во Па­риз бе­ше но­ви­от 500X, чиј­што изг­лед и де­та­ли беа стро­го чу­ва­на тај­на. Та­ка, по из­вед­би­те 500 и 500L, но­ви­от 500X е из­гра­ден на пла­тфор­ма на „џип ре­не­гејд“ со ко­го ги де­ли и но­ви­те мо­то­ри. Од овој мо­дел ФИАТ мно­гу оче­ку­ва и го прет­ста­ву­ва ка­ко те­ре­нец, кој тре­ба да би­де кон­ку­рен­ци­ја на „ни­сан џјук“, „пе­жо 2008“, „опел мо­ка“ и на „ми­ни кан­три­мен“.

Изг­ле­дот на но­ви­от мо­дел на ФИАТ е пре­поз­нат­лив и атра­кти­вен. Про­из­ве­ден е во две из­вед­би, ур­бан град­ски авто­мо­бил и ва­ри­јан­та со наг­ла­сен те­рен­ски изг­лед. Долг е 4,25 ме­три, ши­рок е 1,6 ме­три, а ба­гаж­ни­от про­стор е со ка­па­ци­тет од 330 ли­три.

Auto113-Fiat500x-2

Во но­ви­от „фи­ат 500X“ се вгра­де­ни мо­то­ри за си­те вку­со­ви. Бен­зин­ски 1,4-ли­тар­ски агре­гат со тур­би­на и со 140 коњ­ски си­ли. По­го­нот е на пред­ни­те тр­ка­ла, а си­ла­та се пре­не­су­ва пре­ку ше­сто­сте­пен ра­чен ме­ну­вач. Ди­зел-мо­то­рот е со за­фат­ни­на од 1,6 куб­ни сан­ти­ме­три и раз­ви­ва 120 коњ­ски си­ли, а, исто та­ка, има по­гон на пред­ни­те тр­ка­ла. По­ну­да­та е про­ши­ре­на со 2,0-ли­тар­ски агре­гат, кој има по­гон на си­те че­ти­ри тр­ка­ла, а пре­но­сот се вр­ши со де­вет­сте­пен авто­мат­ски ме­ну­вач.

Од ита­ли­јан­ска­та ком­па­ни­ја нај­а­ви­ја де­ка по­доц­на по­ну­да­та ќе би­де про­ши­ре­на со уште два мо­то­ра. Бен­зин­ски 1,6-ли­тар­ски со 110 коњ­ски си­ли и пет­сте­пен ме­ну­вач, и сил­ни­от 1,4-ли­тар­ски со 170 коњ­ски си­ли, по­гон на си­те че­ти­ри тр­ка­ла и со де­вет­сте­пен авто­мат­ски ме­ну­вач.

Auto113-Fiat500x-3

Из­вед­ба­та за по­гон на си­те че­ти­ри тр­ка­ла со на­пред­на 4×4 тех­но­ло­ги­ја, ко­ја ну­ди врв­ни те­рен­ски мож­но­сти, це­лос­но е пре­зе­ме­на од „џип ре­не­гејд“.

Овој пре­кра­сен авто­мо­бил ќе се нај­де во про­даж­ба до кра­јот на 2014 го­ди­на.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top