| четврток, 6 декември 2018 |

Малку поинаква прослава на 8 Март за понаква жена

Сите оние кои сакаа да им подарат малку поинаков подарок на саканите мајки, баби, тетки, наминаа во МКЦ да ги видат рачно изработените парчиња накит и облека, во кои е внесено многу љубов и внимание

Bazar-za-8-mart-vo-MKC-2

Дизајнерски накит, интересна облека, везење во живо, плетени капчиња, шалчиња, ракавички, сè рачно изработено можеше да се купи денеска во Младинскиот културен центар (МКЦ), каде што е во тек целодневната прослава на 8 Март, празникот на поинаквата жена.

Сите оние што сакаа да им подарат малку поинаков подарок на саканите мајки, баби, тетки, наминаа во МКЦ да ги видат рачно изработените парчиња накит и облека, во кои е внесено многу љубов и внимание.

На работилницата „Практична жена“, инспирирана од иницијативата „Куварице“ на уметничката група „Шкарт“ од Белград, имаше везење во живо во соработка со Здружението „Домаќинки“ на Македонија од Скопје.

Bazar-za-8-mart-vo-MKC

На базарот свои парчиња имаа ATAMI, Александра Шекутковска, LUDUS, „Драма студио“, Ивана Кнез, Нита Муча и Дафина Џепаровска, M craft’s, Wizаrt (Јасмина Главинче и Милена Крстева), Soro Jewelry (Андријана Андреева), Chic Undercowear, Плетени колачиња, Ultra Design Shop и Damaja.

Bazar-za-8-mart-vo-MKC-3

Во МКЦ имаше и изложба на фотографии на Камка Тоциновски, Ѓорче Ставревски, Ана Јакимска, Иван Илиев, Наташа Гелева NeuErotik, Самир Љума, Катја Штркова, Димитар Апостолов, Менче Петреска и на Филип Пајдаков. За попладне беше планирано женски осврт на македонската кинематографија во соработка со Кинотека, потоа детско катче, кулинарски настан, а за крај на денот концерт на „Репетитор“ во „Денсинг салата“ на МКЦ.

Bazar-za-8-mart-vo-MKC-4

 

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top