| четврток, 6 декември 2018 |

ИРА му се заканува на Мекгинис

ireland_martin_mcguinness_ira_president Заменик-прв министер на Северна Ирска и втор човек на Шин Фејн, партијата на републиканците-католици, Мартин Мекгинис, потврди дека припадници и приврзаници на дисидентските групи на поранешна ИРА му се закануваат со ликвидација. Мекгинис е поранешен командант на распуштената Ирска републиканска армија (ИРА), но заедно со лидерот на Шин фејн, Џери Адамс, се откажа од вооружената борба, во замена за мировниот процес во Северна Ирска и за помирувањето во оваа британска покраина на ирскиот остров.

mcguinnessЗа постоењето на смртните закани, Мекгинис разбрал од северноирската полиција. Сите се од Лондондери, град во северозападниот дел на Северна Ирска и силно упориште на разните дисидентски групи на ИРА.

– Се согласувам со полицијата дека ваквите закани се мошне сериозни – изјави Мекгинис.

Заканите доаѓаат откако Мекгинис остро го осуди обидот на дисидентските групи да нападнат полициски станици во покраината, со помош на минофрлач. За планот се разбра откако полицијата на почетокот од оваа недела најде и заплени спацијално направено комби возило за испукување минофрлачки проектили, како и подготвена муниција за нападот. Три лица се уапсени во Лондондери во врска со ова полициско откритие.

mcguinness 2Мартин Мекгинис е првиот висок функционер на Шин Феин и поранешен припадник на ИРА кој се сретна и разговараше со кралицата Елизабета за време на нејзината минатогодишна посета на Северна Ирска.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top