| четврток, 6 декември 2018 |

Прв во историјата на Трибуналот: Како Шешељ е безусловно пуштен на слобода?

Набрзо откако е објавена одлуката на трибуналот во Хаг со која одобрува лидерот на српските радикали да биде привремено пуштен на слобода, во јавноста се појавија информации дека е можно тој да направил договор со Хашкиот трибунал.

„Безусловно“ ослободување со претходно познат став на обвинетиот дека ќе ги почитува правилата за ослободување, досега не е зебележано во практиката на трибуналот.

– Војислав Шешељ ќе биде обврзан да присуствува на изрекувањето на пресудата, ако дојде до тоа. Единственото ограничување е што нема да добие пасош, бидејќи трибуналот бараше од српската влада да не му го издаде – вели синот на Шешељ, Александар.

Наскоро во Србија

Лидерот на српската радикална странка по одлука на Хашкиот трибунал ќе биде пуштен на привремена слобода без услови и наскоро ќе дојде во Србија, ијавија функционерите на неговата партија.

Заменик претседателот на СРС, Немања Шаровиќ, за „Танјунг“ рекол дека Шешељ ќе биде пуштен на привремена слобода без никакви услови, односно дека од него не е барано да ги прифати гаранциите на Владата на Србија, ни каквобило дополнително обврзување кон истражниот совет на трибуналот.

– Во одлуката навеле дека се уверени дека Шешељ нема да влијае на сведоците ни врз интегритетот на постапката и дека по повикот на судот ќе се појави на изрекувањето на пресудата, ако воопштп биде напишана – рекол Шаровиќ.

Тој навел дека засега не се знае кога Шешељ би можел да биде пуштен на слобода, истакнувајќи дека тоа ќе биде наредните денови и додал дека неговата партија организира голем собир на кој граѓаните ќе можат да го дочекаат.

Безусловно, но нема да добие пасош

Српската влада даде гаранции на Хашкиот трибунал  со кои е овозможено Шешељ да биде пуштен на слобода и тоа без услови. Едно од ограничувањата е лидерот  на радикалите никогаш да не го добие назад својот пасош.

Портпаролката на поранешната тужителка Карла дел Понте, Флоренс Артман, рекла дека е очекувано судскиот совет привремено да го ослободи Шешељ. Таа нагласила дека ситуацијата со неизрекувањето на пресудата за Шешељ е уште едно фијаско во работата на трибуналот.

– Ако судијата не е во состојба, откако ги видел и слушнал обвиненијата, да изрече осудителна пресуда, зошто тогаш некого држи, требаше пред четири години да го пуштат на слобода. На каква основа држите некого , без обзир што јас мислам за Шешељ, не може да биде толку години во затвор без да се знае дали ќе биде прогласен за виновен или не – објаснува Артман.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top