Младите Албанци што се обидоа да протестираат пред Владата, откако не успеаја да ги поминат барикадите кај стоковната куќа „Мост“, се повлекоа во скопската населба Чаир.
Жители на населбата ни јавија дека полициските блокади сега се во оваа населба. Затворена е сообраќајницата на улиците Цветан Димов и Џон Кенеди, како и сообраќајницата кон Бутел и Железара, кај маркетот „Тедико“. Жителите јавуваат дека групите на млади Албанци се од по 15-20 луѓе, а полицајците ги сопираат веднаш што ќе ги видат
Во меѓувреме, сообраќајницата кај ТЦ „Мавровка“ е ослободена за сообраќај.
Повлекувајќи се, групата кршеше автобуски постојки и стакла.

Фото и видео: Александар Ивановски
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Поврзани вести
-
Продолжија протестите ширум Бугарија, блокирани патишта и гранични премини
-
Судири меѓу полицијата и каталонски сепаратисти во Барселона: Има повредени и уапсени
-
Се судрија германски националисти и про-имигрантски групи во градот Хемниц: Девет лица се повредени
-
Се протестира во Молдавија за обединување со Романија


