
Денеска во 11 часот, во дебатна сала во зградата на Владата на Република Македонија, министерот за образование и наука, Абдилаќим Адеми, заменик-министерот за образование и наука Спиро Ристовски, заменик-директорот на Бирото за развој на образованието, Ајше Селмани и генералниот директор на Меѓународниот центар за наставни програми – Кембриџ, Мајкл О’саливан, ќе одржат прес-конференција.
Пресот е во врска со продолжување на спроведување на наставните програми на Кембриџ во основното образование (од четврто до шесто одделение) во Република Македонија, за што ќе биде потпишан и договор за соработка.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.


