
Проектот на УСАИД за приспособување на земјоделството кон климатските промени ќе ги сподели резултатите од спроведувањето на мерките за приспособување на земјоделската практика кон климатските промени во изминатите две години.
Целта на настанот, кој ќе се одржи во рамки на годинашниот „Агрофуд“, е да ја зголеми свеста на земјоделските производители, но и на целата јавност за предизвиците и за ефектите од климатските промени во земјоделскиот сектор во Република Македонија.
Се очекува на настанот свои обраќања да имаат директорот на проектот на УСАИД за приспособување на земјоделството кон климатските промени, Петар Ѓоргиевски и тим-лидерот на проектот, Ана Дамовска.
Професори од Земјоделскиот институт и Факултетот за земјоделски науки и храна, кои изминатиот период работеа на тестирање на различни видови адаптивни мерки во земјоделството, ќе ги презентираат добиените резултати и ќе ги објаснат придобивките од користењето на таквите мерки во ублажување на штетните последици од климатските промени.
На настанот се поканети голем број земјоделци, претставници на АПРЗ, УХМР, МЗШВ и земјоделски здруженија.
Тригодишниот проект на УСАИД за приспособување на земјоделството кон климатските промени почна да се спроведува во април 2012 година, од страна на Мрежата за рурален развој. Целта на проектот е да им помогне на земјоделците да се приспособат на климатските промени и да го зачуваат нивото на приход преку намалување на штетите предизвикани од промените во животната средина. Проектните активности се фокусирани во медитеранската зона, вклучувајќи го вардарскиот регион со делови од Струмичко и од Гевгелиско – области што се под најголемо влијание од климатските промени.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Поврзани вести
-
Времето се менува: Температурите значително ќе опаднат
-
Три позитивни промени што ќе ги почувствувате кога ќе престанете да јадете бел леб барем еден месец
-
Климата на Земјата би можела да излезе од контрола
-
Климата во автомобилот може сериозно да ви го загрози здравјето: Еве како правилно да ја користите!


