Докторите и секс терапевтите ги открија проблемите што стојат зад причините поради кои паровите најчесто немаат секс. За секој од овие проблеми постои решение во вид на разговор или посета на доктор, пишува „Хафингтонпост“.
1. Нееднаква сексуална желба
– Расчекорот во желбата за секс е најчест проблем со кој се среќавам кога разговарам со паровите. Кај жените причина за тоа е уморот, стресот или некаква болка за време на сексот. Решението е промена на начинот на живеење и подобра комуникација меѓу партнерите. Сексуалната желба е мерило за здравјето на една врска“, вели терапевтката Пег Харли Досон.
2. Недостаток за сексуална желба
– Овој проблем најчесто го гледам во врските во кои едниот партнер има посилен сексуален порив. Решението за овој проблем зависи од повеќе фактори. Првин сакам да дознам колку долго трае таквата ситуација и под кои околности се зголемила сексуалната разлика. Честопати овој проблем е поврзан со некој проблем во врската, кога еден од партнерите чувствува лутина, се чувствува предаден, дава отпор и слично. Им помагам на паровите да ги изразат желбите и да разговараат како целата ситуација изгледа од нивна перспектива. Кога ќе се поправи вистинскиот проблем во врската, се подобрува и сексот“, вели доктор Мајкл Арон.
3. Недостаток на време за секс
Психијатарот Кети Битон вели дека најчест проблем меѓу паровите со кои се сретнува е недостатокот на време за секс, луѓето иако се сакаат немаат време за секс. Но, овој аргумент не држи вода, најчесто станува збор за подлабоки проблеми како лоша перцепција за своето тело, еректилна дисфункција, недостаток на желба, болка при односите и слично.
Паровите кои ги игнорираат овие проблеми одат на линија на помал отпор која не подразбира соочување со проблемите и нивно решавања кое подразбира разговор, изразување на желба и трпение, смета Кети.
4. Проблеми од медицинска природа
– Работам во болница и најчесто се среќавам со личности кои имаат некој медицински проблеми. Проблемот кај овие парови се создава поради недоволна комуникација, тој станува поголем и на крај завршува со избегнување на секс и разговор за него. Причини за недоволна комуникација се стравот од одбивање, срамот и стравот од неуспех. За решавање на проблемот потребна е соработка од двајцата. Кога луѓето ќе го изговорат на глас својот проблем, половина сме го решиле. Потоа следат искрени разговори, признавање на желбите и потребите, но и на стравовите и сомнежите“, вели доктор Ричард А. Керол.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.


