Даночната управа на Србија започна истрага за утврдување на потеклото на имотот на српската пејачка Сандра Африка, која речиси и да нема пријавени приходи.
Таа често јавно се „расфрла“ со луксузни станови, скапи автомобили, јахти, пишува во своето денешно издание белградскиот
весник „Курир“.
– Според објавеното, даночната управа тргнала во акција на вкрстено истражување на имотот и на приходите на естрадните личности во Србија, а прва на удар е фолк пејачката, Сандра Продановиќ во јавноста позната како Сандра Африка. Ова „чешлање“ на српската естрадна сцена е составен дел од сеопфатната активност на даночниците, кои се обидуваат да ги стават во легален тек, сите нелегални приходи. Во тоа влегуваат и сите приходи, кои нашите ѕвезди ги остваруваат со своите настапи и тезги, а кои воглавно воопшто не ги пријавуват, поради што државата губи околу 87 милиони евра“, пишува весникот.
Сандра сѐ уште не се огласила по повод овие медиумски написи, а нејзиното момче Микша за медиумите изјавил дека таа не работи во Србија, туку само во странство, каде ги пријавува приходите и данокот.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.