| четврток, 6 декември 2018 |

ЕУ шокирана од скандалите на мисијата ЕУЛЕКС

Дипломати и официјални претставници во Брисел се шокирани поради сериозните сомнежи за корупција и политичките влијаења во истрагите за ЕУЛЕКС, но останува и впечатокот дека структурите на Унијата се обиделе да прикријат траги за тешки прекршоци, пишува приштинскиот весник „Коха диторе“.

Дури по една година структурите на ЕУЛЕКС на Косово и тие во Брисел, кои ја набљудуваат мисијата, ги информирале политичките центри на ЕУ за постоење сериозни сомнежи за корупција во ЕУЛЕКС.

– Понекогаш изгледа и смешно кога ни кажуваат дека знаеле за ова многу порано отколку што пишувал „Коха диторе“. Зошто не ни кажале, зошто ја чувале тајната? Тоа раѓа сомнеж дека криеле траги, што е посебен скандал сам по себе – изјавил еден европски дипломат.

Според приштинскиот весник, најмалку 18 лица од ЕУЛЕКС се под истрага.

– Се тврди дека овие истраги ќе бидат брзи и детални и нема да остане непроверен ниту еден камен за да се открие правдата – изјавиле претставници на ЕУ.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top