| четврток, 6 декември 2018 |

Група млади тргнале кон Владата иако протестот е откажан

Репортерската екипа на „Република“ сведочи дека 300- 400 млади луѓе се упатиле од Јаја-пашината џамија кон зградата на Владата иако претходно беше најавено дека протестот е откажан.

Под стоковнатга куќа „Мост“ полицијата со борбени возила го пропречува патот кон Владата. Се очекува групата тука да биде запрена.

Протестот беше најавен дека ќе се одржи по петочната молитва во џамијата. Првиот обид на младите за протестирање, иако протестот е откажан, бил растурен од постарите во џамијата.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top