Нему лично претседателот Обама му честиташе за убиството на Ладен со три куршуми во главата од мала оддалеченост во текот на рацијата во Аботабад, Пакистан во 2011 година, пишува „Мирор“.
Досега тој бил распореден на десетина тури во активна борба, во четири различни воени зони, вклучувајќи ги Авганистан и Ирак. Тој е еден од најистакнатите членови на познатата елитна единица. Се согласил на дводелно интервју за „Фокс“ кон крајот на овој месец.
Неговата кариера соджи три мисии, кои се претворени во холивудски акциски филмови. Еден од филмовите инспирирани од неговите мисии, кој е награден со „Оскар“ е „Капетан Филипс“. Помогнал во спасувањето на морнаричката „фока“ Маркус Лутрел, со кој и денес е голем пријател. Неговите одликувања вклучуваат две сребрени ѕвезди, четири бронзени ѕвезди, Ј.С.Ц медали за храброст, три одликувања за истакната единица од воено-морнаричкиот корпус.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.