Познатиот актер Чак Норис, кој беше меѓу иницијаторите за собирање на петицијата од 125.000 жители на американската држава Тексас, не успеа во намерата да ја одвои оваа држава од САД, пренесоа американските медиуми.
Тој најавуваше дека ќе се кандидира за претседател на незавиосен Тексас.
Белата куќа одговори на петицијата, односно ја одби. Во неа се бараше бара Тексас да се отцепи од САД, со аргументот дека Татковците основачи на САД „не го предвидиле правото за напуштање“ на државата. Повеќе од 125.000 лица ја потпишаа петицијата, иницирана по само неколку дена откако Барак Обама го доби својот втор претседателски мандат.
Џон Карсон, директор на Службата за поддршка на врските со граѓаните, го кажа одговорот на петицијата, во кој се цитира говорот на Абрахам Линколн при неговото првото стапување на должноста претседател на САД и ставот на Врховниот суд по Граѓанската војна. Во него се наведува дека Америка е создадена како „постојан сојуз“, но кој им дозволува на луѓето со различни погледи да разгледуваат различни прашања.
Иницијаторите на петицијата за одделување на Тексас ја објаснуваат својата желба со економските тешкотии, што произлегуваат од тоа што федералната влада не сака да го реформира системот за внатрешни трошоци и помош за странство. Бидејќи Тексас е голема држава со балансиран буџет, тој практично има можност да излезе од сојузот, наведуваат тие.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.


