| четврток, 6 декември 2018 |

Србија: Ќе се истражуваат обидите за прислушување на Вучиќ

Aleksandar-Vucic-about-Serbian-economy1

Српскиот министер за одбрана, Братислав Гашиќ, изјави дека Воено-безбедносната агенција (ВБА) спроведува истрага за обидите за прислушување на премиерот Александар Вучиќ за време на состанокот на Трилатералната комисија во хотелот „Краун плаза“ во саботата.

– ВБА по службена должност покрена истрага. Ќе утврдиме кој се обидел тајно да го снима и прислушува Вучиќ во салонот, каде што требаше да има состаноци со државници и бизнисмени. Доказите ќе му ги предадеме на надлежното обвинителство – истакна Гашиќ.

Во истрагата е вклучено и Обвинителството.

Весникот „Вечерње новости“ наведува дека припадниците на Контрадиверзискиот тим на Министерството за одбрана откриле скриена камера и микрофон во салонот „Адриатико“, во кој Вучиќ имал повеќе средби по состанокот на Трилатералната комисија.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top