| четврток, 6 декември 2018 |

Експлозија во Карпош

Електричен трансформатор експлодирал во оваа скопска населба и поради тоа цел еден блок од населбата нема струја, јави Македонската телевизија. Познавачите се сомневаат дека станува збор за оптоварување на напонот.

Причините за пожарот дополнително ќе се утврдуваат. Како што информираат од ЕВН, се работи на отстанување на дефектот и жителите на Карпош за брзо време ќе добијат повторно струја.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top