| четврток, 6 декември 2018 |

Берлин: Балканот треба да има јасна европска перспектива

Balkan mapa

Во следните пет години ќе треба да се работи на подигнување на довербата во земјите членки на ЕУ дека евроинтеграцијата на Балканот не значи повеќе проблеми, туку природно интегрирање и поголема сигурност за обединета Европа.

Ова е пораката од учесниците на Шестата конференција на министрите за надворешни работи од Југоисточна Европа, во организација на реномираниот германско-американски Институт „Аспен,“ во Берлин, на која учествуваше и шефот на македонската дипломатија Никола Попоски.

Учесниците на форумот кој вклучуваше министри, германски и евро пратеници, дипломати и експерти, констатираа дека за граѓаните во балканските земји мора да се понуди реална слика за европската иднина. Најзначаен аспект останува економскиот развој.

Како што соопшти МНР, на Министерската конференција се разговараше за процесот на проширување на ЕУ, реформите и регионалната, економската соработка и инфраструктурна поврзаност беа истакнати како важни предуслови за повеќе инвестиции и економски развој на Балканот. Дотолку повеќе што во следните пет години нема да има нова членка на ЕУ.

Истакнато беше дека Германија нема да го остави регионот во овој период сам на себе, туку ќе работи со што повеќе поддржувачи за консолидирање на Балканот во ЕУ.

Интегрирањето на Балканот во ЕУ, не е чисто интерес на балканските држави, тоа е неопходност и за земјите членки, констатираа учесниците.

Од македонски аспект беше истакнато дека, шестата препорака и извештајот за напредок се поттик повеќе за посветеност на реформите.

Mинистерот Попоски ушествуваше на конфернецијата на покана на министрите за надворешни работи на Гаремнија и на Велика Британија, Франк-Валтер Штајнмајер и Филип Хамонд.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top