Министерството за култура испрати демант по повод последните изјави на Роберт Алаѓозовски, првиот човек на таканаречниот Совет за култура на СДСМ.
„Господине Алаѓозовски, Ве потсетуваме дека резултатите од Конкурсот за превод на автори од РМ на другите странски јазици се во повеќе наврати соопштени јавно и транспарентно, на прес-конференции кои ги организираше Министерството за култура во присуство на голем број автори, стручната комисија и медиумите. Сумите се утврдени според јасно поставени критериуми и мерила од стручна комисија и тие се на ниво на најдобрите европски практики во оваа област, речиси на нивото на најпрестижните грантови, на ТРАДУКИ и Европската комисија. Конкурсот за странски издавачи е само една од стимулативните мерки што ги спроведе Министерството за култура во изминатиот период и навистина радува податокот што оваа мерка беше поздравена од страна на сите автори и институции во Република Македонија. Македонија е една од ретките држави во регионот и пошироко која вложува големи средства во областа на литературната и издавачката дејност. Ќе ве потсетиме на Годишната програма во која редовно се поддржуваат проектите на многу приватни издавачки куќи, меѓу кои и на вашата издавачка куќа „Готен“. Министерството за култура секоја година, континуирано спроведува и откуп на книги со кои се збогатува библиотечниот фонд на установите низ државава.
Исто така, за прв пат во Република Македонија се реализираат и голем број капитални проекти кои ја афирмираат македонската литература и творештво во меѓународни рамки. Ова се реални, мерливи и остварливи проекти и во тој контекст, од позиција од која не можете да понудите контрааргументи или реализирани проекти од ваков вид во времето на вашето владеење, сосема е непотребно да навлегувате во материја која не ви е позната.
Што се однесува до конфликтите, нив ги препознаваме само во вршењето на вашата функција, претседател на Советот за културата на СДСМ, и вашата огромна желба да аплицирате на конкурсите на Министерството за култура од каде што добивате финансиска поддршка за вашите проекти. Ве повикуваме, кога и да посакате, да не посетите во Министерството за култура, каде што ќе можете да ја погледнете целокупната документација од реализацијата на Конкурсот за странски издавачи, а со задоволство ќе ве информираме за високиот степен на реализација на сите проекти од Националната стратегија за развој на културата 2013-2017“ пишува во демантот на Министерството за култура.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Последни
-
Сензационално: Северина се разведува од Игор, поради познатата водителка!
-
Фатална сообраќајка кај Струмица: Со „Корса“ излетал од патот, загинал на лице место
-
Шон Пен во Истанбул: Ќе снима документарец за убиениот новинар Џамал Кашоги (видео)
-
Димитров: Зборовите „нација со комплекс“ се извадени од контекст