Истражувањето покажало дека жените за водат љубов со новиот партнер се подготвуваат дури 6 часа. Маникир, педикир, депилација, солариум, лосион за тело, долна облека, фризура и шминка се само некои од рутината на жените кои сакаат да заблескаат пред партнерот. Но мажите се многу поедноставни и многу од тие работи не ги приметуваат.
Магазинот Менс Хелт спровел истражување и на своите читатели им поставил прашање: Што се приметуваат мажите кај жените во текот на првиот секс? Иако одговорите биле различни, некои се повторувале повеќе пати. Одговорите биле дека тие не ја приметуваат ниту фризурата, ниту шминката, ниту долната облека, додека мирисот на кожата и изразот на лицето повеќе им значел.
Самодовербата
Нема нитп подобро од тоа жената да се чувствува сигурно во својата кожа. Кога ќе се соблече жената, мажите не приметуваат каква долна облека носи, ниту сувата кожа или педикирот, туку еротичниот говор на телото кој што може само во неколку секунди да го „бутне“ на колена.
Движењето
Женственото движење, нишањето на колковите и движењето на телото кои се одраз на женственоста се едни од најмоќните машки дразби. Тој не ја гледа фризурата и размачканата маскара туку вашето тело кое се движи во согласност со неговите допири.
Изразот на лицето
Стаста и копнежот кои може да се прочитаат на женското лице, на мажите им е неодоливо. Страсните гримаси за нив се нешто посебно возбудливо.
Облините
Голото женско тело во полумрак, е момент во кој неможе да одолее ниту еден маж. Тој не ги гледа вашите стрии и целулит, туку заводливата силуета украсена со задникот, колковите и градите.
Мирисот
Секоја личност има свој специфичен мирис на кожата. Тој несака да го осети вашиот нов парфем, туку природниот мирис на вашата кожа кој се зголемува во текот на страственото водење љубов, а кој сака да го осети на својата облека и по тој чин.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.



