| четврток, 6 декември 2018 |

Почина новинарот Драги Јанковски

dragi jankovski

Во несреќен случај животот го загуби поранешниот новинар на весникот „Дневник“ Драги Јанковски (1975-2014). Несреќата се случила во Лондон, каде што живееше последните неколку години.

Јанковски повеќе од 10 години беше дел од редакцијата на „Дневник“, а колегите со кои соработуваше имаат само убави зборови за момчето кое беше многу посветено на професијата.

Колегите од „Дневник“ за Јанковски велат: „Никој од нас не може да се сети кога си го покачил тонот. Не паметиме ниеден конфликт со тебе. На критиката одговараше со насмевка. Твојата учтивост беше магија со која ја освои нашата наклонетост. Правеше добри дела со двете раце, а од устата ти течеа убави зборови. Сигурни сме дека сега застана пред вратата од рајот“.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top