Руската тенисерка Марија Шарапова е најплатената спортистка за 2014 година според рангирање на „Форбс“.
27-годишната тенисерка заработила 24,4 милиони долари. Во вкупниот пласман, број два во светот го зазема 34-тото место.
Втора на листата е Кинеската Ли На, која неодамна објави дека се повлекува. Таа на сметката има 23,6 милиони долари.
На трето место е Американката Серена Вилијамс со 22 милиони долари.
На прво место во вкупниот пласман е светскиот шампион во бокс Флојд Мејведер, кој заработил 105 милиони долари.
По него е рангиран напаѓачот на Реал Мадрид, Кристијано Роналдо, со 80 милиони долари, а трет е напаѓачот на Кливленд, Леброн Џејмс со 72,3 милиони долари.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.