Бјонсе е најплатенатат жена во музичкиот бизнис во 2014 година. Таа ја предводи листата на списанието „ Форбс“ со заработени 115 милиони долари во период од јуни 2013 до јуни оваа година. Поголемиот дел од сумата доаѓа од светската турнеја на 33-годишната Бјонсе. Од јуни 2013 до јуни 2014 година Бјонсе одржа 95 концерти, на кои заработила во просек по 2,4 милиони долари во секој град.
На второ место во рангирањето на „Форбс“ е 24-годишната популарна кантри пејачка Тејлор Свифт со 64 милиони долари.
Мадона, која минатата година ја предводеше листата на„Форбс’ со 125 милиони долари, сега не успеала да влезе меѓу првите 10.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.