Дали ќе завршите кај него или кај вас не е единственото за кое што би требало да размислувате
Држете се до правилото на два дозволени пијалоци
Ако сте една од тие личности кои коктелите едноставно ве мамат, би било значително побезбедно за вас да се ограничите на два пијалоци. Пијалокот би требало да ви помогне да се опуштите и да се однесувате малку послободно, а не едвај да се довлечкате до неговиот стан. Алкохолот исто така го намалува либидото, па ќе ви биде тешко.
Понесете со себе заштита
Во врските за една ноќ, апсолутно е неопходно да се заштитите. Да не се оптеретувате со тоа дали ќе има презерватив или не, најдобро е да играте на сигурно и да си носите со себе. Голем број на луѓе ќе се занесат и ќе заборават на овој проблем, па по два дена ќе се освестат, па одат во аптека по тест за бременост или на тестирање за ХИВ.
Потпрете се на себе си и бидете активни
Со оглед на тоа дека се впуштате во сексуален однос со личност која не ја познавате, мали се шансите дека ќе се потрефи што ви годи од првиот обид, така да најдобро е сами да се фокусирате до достигнувањето на оргазам, затоа што најдобро сами си го познавате своето тело. Исто така нема причина за срамење, кажете јасно и гласно што најмногу ве возбудува и ви годи.
Не плашете се од тоа да пробате нешто ново
Ако имате храброст, врската за една ноќ може да биде одлична прилика за да го проширите својот сексуален репертоар, пробајте нешто ново, што ќе ви одговара и на двајцата. Сепак ако ви е непријатно во било кој момент, не се двоумете да кажете дека нешто не ви одговара и предложете нешто друго.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Последни
-
Сензационално: Северина се разведува од Игор, поради познатата водителка!
-
Фатална сообраќајка кај Струмица: Со „Корса“ излетал од патот, загинал на лице место
-
Шон Пен во Истанбул: Ќе снима документарец за убиениот новинар Џамал Кашоги (видео)
-
Димитров: Зборовите „нација со комплекс“ се извадени од контекст