| четврток, 6 декември 2018 |

Норвешка прва според Индексот на просперитет

норвеска

Норвешка е на прво место, според Индексот на просперитет во светот.  На листата, која ја објавува групата Лагатум, а која опфаќа вкупно 142 земји, второто и третото место го зазедоа Швајцарија и Нов Зеланд.

Меѓу првите десет земји се Данска, Канада, Шведска, Австралија, Финска, Холандија и САД. Велика Британија е на 13. место, а по неа следат Германија и Австрија, Франција е на 21. место, а Италија на 37-то.

Од регионот Словенија е на 24. место, Унгарија е на 39. место, Бугарија е на 48., Хрватска на 50., Грција на 59., Романија на 60., Црна Гора на 65. место, Македонија на 69., Албанија на 84., Турција на 86., а Босна и Херцеговина на 91. место.

Од европските земји од БиХ полошо ранирана е само Ерменија, која е на 95. место.

Русија падна за седум места во однос на минатата година и сега е на 68. позиција, пред се порад лошите резултати во областа на управувањето (113) и личните слободи (124).

Најлошо се рангирани Централноафриканската Република, Чад и Демократска Република Конго, а на дното на листата се и Авганистан, Хаити и Сиера Леоне.

Индексот на просперитет ги проценува земјите врз основа на параметри во областа на стопанството, претприемништвото, владеењето, образованието, здравството, безбедноста, личните слободи и општествениот капитал.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top