Европската унија (ЕУ) ги намали прогнозите за економски раст на нејзините членки, што сугерира дека зајакнувањето ќе остане бавно меѓу другото и поради проблемите на најголемите економии, посебно Франција.
Официјалната прогноза за годинешниот раст во 18-члената еврозона е намален на 0,8 отсто, од пролетната прогноза од 1,2 отсто.
Кога се работи за цела ЕУ, се очекува растот да биде 1,3 отсто, што е пад во однос на претходно прогнозираните 1,6 отсто.
– Состојбата со економијата и вработувањето не се подобрува доволно брзо, по финансиската криза која ја погоди ЕУ во последните пет години – рече потпретседателот на Еврокомисијата, Јирки Катаинен.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.