Вчера попладне две групи малолетници се пресметале во градски автобус со број „64“, при што неколкумина од нив се здобиле со телесни повреди.
Од Министерството за внатрешни работи информираат дека тепачката се случила во 14.20 часот на булеварот „Партизански одреди“ каде што поради претходна расправија, настанала тепачка во која учествувале девет лица на возраст од 15 до 20 години.
Групите си размениле боксови и клоци, а во тепачката четири лица се здобиле со тешки телесни повреди.
Полицијата ги привела сите девет учесници во полициската станица во Карпош каде што е извршен разговор со нив.
За сите учесници во тепачката ќе биде поднесена прекршочна пријава.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.