Нема апсолутно никакви шанси Москва да му каже на сирискиот претседател Башар ал Асад да поднесе оставка, порача рускиот министер за надворешни работи Сергеј Лавров. Тој за „Би-Би-Си“ рече дека Русија не учествува во каква било игра за промена на сирискиот режим. Лавров изјавата ја даде во пресрет на посетата на Лондон следната недела, каде што ќе разговара со британскиот министер за надворешни работи Вилијам Хејг. Двете земји соопштија дека главна тема на разговорите ќе биде сириската криза. Русија е близок соработник на сириската влада и главен снабдувач со оружје на таа земја,
– Можам само да кажам дека не е наша работа да одлучуваме кој ќе ја води Сирија. Тоа е прашање за кое треба да одлучат Сиријците – рече Лавров и додаде дека Русија е против мешање во внатрешните судири.
Лавров нагласи дека Русија и Велика Британија имаат иста цел во Сирија.
– Двете земји сакаат Сирија да биде единствена, демократска. Двете земји сакаат сирискот народ слободно да го избере начинот на кој ќе ја води својата земја – додаде Лавров.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.


