| четврток, 6 декември 2018 |

Карпов не дојде во Скопје

Шаховската легенда и поранешен светски првак Анатолиј Карпов не допатува во Скопје на шаховскиот турнир „Опен Скопје 2013“. Организаторите на силниот турнир од скопската општина Карпош го поканија рускиот велемајстор да им биде гостин, но поради здравствени проблеми Карпов не допатува. Според најавите, популарниот Тоља  денеска требаше да биде во нашиот главен град.
„Искрено жалиме поради новонастанатата состојба. Му посакуваме на Карпов брзо закрепнување, со надеж дека ќе успее да нè посети за затворањето на Меѓународниот шаховски турнир „Опен Карпош 2013“, се вели во соопштението до медиумите испратено од Општина Карпош.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top