Републиканските кандидати презедоа целосна контрола врз Конгресот по големиот успех на изборите за Сенатот и за Претставничкиот дом.
Републиканците ќе имаат од 52 до 54 сенатори, стабилно мнозинство во Претставничкиот дом, а победија и во важните гувернерски трки во повеќе клучнии или традиционално демократски држави.
Резултатите се толкуваат како своевиден референдум за претседателот Барак Обама, чии резултати се значително под очекувањата дури и кај неговите најголеми поддржувачи, а има и сѐ помала поддршка.
На меѓуизборите кои се одржуваат на половина од претседателскиот мандат, учествуваа 435 членови од Претставничкиот дом, 36 члена од Сенатот и 36 гувернери на сојузните држави.
Демократите го контролираа Сенатот во последните осум години, победувајќи дури и во 2010 година кога републиканците имаа одлични резултати.
Излезноста беше околу 38 проценти на национално ниво, стандардно за меѓуизборите.
Целосните резултати ќе бидат познати денеска попладне, освен во Луизијана, каде што на 6 декември се одржува вториот круг од изборите за Сенатот.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.