По Првата светска војна, Руската империја се збогува со Полска, Финска, балтичките држави и Бесарабија (во денешна Молдавија). Советскиот сојуз подоцна повторно припои само дел од тие територии – но сепак не успеа да спречи светот да продложи да го гледа Советскиот сојуз како империја. По распадот на Советскиот сојуз, Русија се намали во обемот на дури и помала отколку по Првата светска војна, а многумина и денес продолжуваат да ја ословуваат како империја.
Неодамна на Фејсбук прочитав непристрасен повик од неколку Украинци, дека Бог мора библиски да ја казни Русија да ја забрза нејзината смрт. Според нив, единствениот начин да се избега од канџите на руската мечка е да се убие животното. Истовремено, тие немаат намера самите да се борат против ѕверот, и убедени се дека само Европа и САД ја имаат моќта и одговорноста да го збришат непријателот.
Со други зборови, тие повеќе сакаат други да си кршат коски во зафатот со мечката за тие да можат мирно да се греат пред каминот. Баш се сомневам дека на рационалниот запад многу му се допаѓа таквата варијанта.
Всушност, бројни историски личности сонувале за растурање на Русија. Страриот ривал Петар Велики, шведскиот Крал Чарлс Дванаесети, го сонувал истот сон пред Русија самата да се прогласи за империја. Францускиот амбасадор во Стокхолм во тоа време рекол: „Кралот ќе склучи мир со Русија само откако ќе влезе во Москва, ќе го смени царот од тронот, ќе ја подели земјата на мали приципати, и ќе ги подржи бољарите да го поделат царството на нивни лични провинции“.
Во ретроспектива, знаејќи како швеѓаните беа поразени во Битката за Полтава, предизвик е да се прифати таквото тврдење како помпезно славење. Но, тоа беше сериозен план кој шведскиот крал и неговите сојузници го разгварале при повеќе од една пригода. Чарлс навистина ковал план да постави свој владетел марионета на рускиот трон. Тој сонувал за Псков, Новогород и сета северна Русија како се во посед на Шведска. Планирал да му ја украде сета Украина и регионоот на Смоленск на полскиот Крал Станислав Лечински. Чарлс се согласил да им ги даде руските северни земји на Турција и на кримските татари. Во историјата има бројни вакви и слични приказни – но каде се тие сонувачи денес?
Како и да е, ова не ми е поентата. Не гледам причина да ги обвинам моите претци за нивните империјалистички акции. Русите не мора да се срамат повеќе отколку британците, германците, шпанците или французите. Нивните империјалистички мината биле водени од судбината, Бога, геополитичките фактори и од нвиниот национален карактер – нешта против кои е апсолутно бесмислено да се бориме.
Распадот на Руската империја вовлече во длабоки проблеми многу нејзини граѓани, а подоцнежниот распад на Советскиот сојуз им создаде вознемирувачко чувство на дежа ву. Дури и денес, милиони руси ги одржуваат спомените за минатото – посебно за Советскиот сојуз – потсетувајќи дека тогаш им било многу добро.
Ова е втор пат во веков како Русија минува низ такви болни „симптоми на повлекување“ додека го надминува својот империјалистички менталитет. Русите немаат од што да се срамат: истиот процес не беше помалку болен и за другите „империјалистички“ нации.
Се разбира, модерна Русија не е империја и се повеќе покажува дека работи како расипана плоча, постојано повторувајќи исти стари клишеа. Самиот процес на адаптирање на новата реалност не оди толку брзо како кај некои држави на западот – патем кажано, истото се случува и во Русија – како што таа би сакала. Но невозможно е да се избрзува.
Дефинитивно им е полесно на малите самостојни држави-бротчиња, како што е Монако, да менуваат мориња отколку за овој огромен преуокеански брод каква што се религиозно различната, мултиетничка и мултикултурна Русија. Потребно е малку повеќе трпение.
Разбирам дека она што изгледа брзо според станрадите на историјата може да излезе болно бавно за луѓето. Историјата се мери во доба, но индивидуите го мерат времето споредувајќи го со еден животен век. И покрај тоа, на бебе му требаат девет месеци да додје на овој свет и никаква нервозна нетрпеливост не може да го смени тоа.
Овозможувајќи му на бебето да дојде на свет што е можно побрзо не е ниту здраво решение. На ист начин не е добро нетрпеливо да се влече Русија за ракавот за да побрза. Секој плод има свој природен рок на созревање. Кога ќе дојде времето, Русија ќе се ослободи од последните остатоци од своето империјалистичко минато.
Се до тогаш, молитвите до Бога да ја проколне Русија со болести или со десетте куги на Египет, не само што не е реално, туку е и и многу бајато и сосема безмислено.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.