
Петнаесетина кандидати аплицирале за да бидат на раководното место на најголемиот национален театар – Македонскиот народен театар. Мандатот на сегашниот директор, Дејан Лилиќ истекува. Според извори на „Република“ тој аплицирал за уште еден мандат. Повторно во трка по фотелјата влегува актерката Весна Петрушевска Бејби, која и пред четири години претендираше за оваа позиција.
Неофицијални извори посочуваат дека за ова место ќе се бори и Тони Михајловски. Покрај актери, за позицијата во МНТ аплицирале и режисери, костимографи, драматурзи…
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.


